Како да го користите интернетот

Еве неколку корисни совети како да го користите максимално интернетот.

Што можете да правите на интернет

На интернет можете да правите многу нешта. Можете да:

  • бидете во допир со семејството и пријателите
  • управувате со финансиите со електронско банкарство
  • купувате производи онлајн коишто ќе ви ги достават дома
  • гледате ТВ и филмови или да слушате радио
  • бидете во тек со новините и да дознаете за нештата што ве интересираат.
Илустрација од уреди поврзани на интернет.

Како да се поврзете на интернет

За да го истражите интернетот, најпрво треба да се поврзете на него. Можете да го направите тоа на неколку начини:

  • користејќи го домашниот компјутер преку домашна Wi-Fi врска
  • користејќи јавна Wi-Fi врска од кафич или библиотека
  • користејќи го паметниот телефон со поврзување преку телефонска мрежа 4G и 5G.

На што треба да внимавате кога се наоѓате на интернет

На интернет ви стои на располагање еден голем свет полн со забава и информации, но за жал, постојат и некои опасности. Компјутерски вируси или несакан софтвер од интернетот може да го оштетат вашиот компјутер или да ви ги украдат личните податоци. Но, постојат неколку нешта што можете да ги направите за да се заштитите:

  • да користите софтвер за антивирусна заштита за да го заштитите вашиот компјутер. Програмите за антивирусна заштита како што се AVG и Avast! може да се преземат бесплатно од интернет
  • постојат голем број други антивирусни производи со плаќање што можете да ги изберете, вклучувајќи ги и оние од угледни компании како што се Bitdefender, McAfee и Norton, а и тие понекогаш нудат бесплатни пробни периоди
  • компјутерите со Windows 10 го имаат софтверот за антивирусна заштита наречен Defender, но сепак можете да купите дополнителна заштита ако претпочитате
  • вашиот интернет-прегледувач, како што е Chrome на Google, Edge на Microsoft или Safari на Apple, може да ве предупредат за познати злонамерни интернет-локации, но сепак е добро да бидете многу внимателни кога кликнувате на врските од интернет-локации во кои немате доверба.

Како да се снаоѓате онлајн

Интернет-локациите се места каде можете да наоѓате информации на интернет. Еве неколку начини да најдете некоја интернет-локација:

  • напишете некоја интернет-адреса во адресната лента на вашиот прегледувач. На пример: www.abc.net.au.
  • напишете неколку збора или фрази во машината за прегледување, како што е Google или Bing
  • користете ја опцијата Ознака (Bookmark) или Омилени (Favourite) за да зачувате интернет-страници за лесен пристап.

Можете често да се преместувате од една во друга област на интернет-локацијата со кликнување на интернет-врски (web links). Интернет-врските се текст или слики на коишто можете да кликнете:

  • текстуалните интернет-врски често имаат различна боја од текстот околу нив и/или се подвлечени
  • потешко е да ги забележите сликите што претставуваат интернет-врски
  • за да проверите дали некоја слика или текст претставуваат интернет-врски, поминете со курзорот на глувчето преку текстот или сликата, и ако се работи за врска, курзорот ќе се измени од стрелка во рака со прст што покажува
  • секогаш бидете внимателни кога кликнувате на врски на интернет-локации, е-пораки или текстуални пораки во кои немате доверба.

Можете полесно да вратите на некој локација ако користите Ознаки (Bookmarks) или Омилени (Favourites):

  • тие претставуваат кратенки што можете да ги зачувате во интернет-прегледувачот за да ви биде полесно повторно да ја најдете интернет-локацијата во иднина
  • некои интернет-прегледувачи ги нарекуваат Ознаки, а други Омилени, но тие всушност се исто нешто
  • на компјутер со Windows можете да зачувате некоја ознака кликнувајќи на ѕвездичката (star) што се наоѓа во адресната лента (address bar) и потврдувајќи го името и локацијата.

Ако треба да отпечатите некој интернет-страница, еве неколку опции од коишто можете да изберете:

  • употребете го копчето Отпечати (Print) на интернет-страницата ако постои
  • ако нема такво копче, употребете го копчето Отпечати (Print) во интернет-прегледувачот ако постои
  • или, изберете ја опцијата Отпечати (Print) во менито Датотека (File) на интернет-прегледувачот.

Постапувајте според правилата

На интернет важат закони за авторско право:

  • текстовите, сликите, музиката, ТВ-програмите и филмовите често се заштитени со авторски права
  • знакот за авторски права често покажува дека нешто е заштитено со авторски права. Дури и ако не постои знак, треба да претпоставите дека содржината е заштитена
  • вообичаено е забрането со закон да копирате, уредувате или репродуцирате содржина најдена на интернет без дозвола. Ако сакате да користите содржина од некоја интернет-страница, треба да побарате дозвола од сопственикот на интернет-локацијата. Вообичаено можете да ги најдете овие информации на неговата страница Контактирајте со нас (Contact us)
  • постојат многу начини да пристапите до содржина без да ги прекршувате авторските права, некои се бесплатни, а други со плаќање, како што се Spotify или iTunes за музика, и ABC iView или YouTube за видеозаписи.

Многу интернет-страници имаат услови и одредби што треба да ги прочитате пред да се согласите со што било:

  • условите и одредбите се правилата што одредуваат како можете да ја користите интернет-локацијата
  • не заборавајте да ги прочитате условите и одредбите ако имате намера да се пријавите или регистрирате за нешто онлајн.